Македонија против Италија, Турција, Украина или Данска во полуфиналето од баражот за СП!

Македонија од четвртиот шешир ќе ја очекува ждрепката за баражот за пласман на СП 2026 во четврток (20 ноември) во Цирих.

По денешниот пораз од Велс во Кардиф од повеќе од убедливи, дефинитивно неочекувани, 7-1, прв за Македонија по 14 едноподруго натпревари без пораз на официјални квалификациски натпревари, националниот тим од последниот шешир ќе го очекува баражот.

А, можни противници за Македонија во полуфиналето, согласно резултатите од останатите квалификациски групи, и дефинитивно ќе бидат Италија, Турција, Украина или Данска.

Се вчитува...