Македонија против Романија на Илинден во вечерен термин

По успешните подготовки во Гевгелија и победите во двата одиграни натпревари против Швајцарија, македонската кошаркарска репрезентација се врати назад во главниот град каде следи анализа на првиот предизвик во претквалификациите за Светското првенство – репрезентацијата на Романија.

Натпреварот против Романците ќе биде одигран на големиот празник Илинден во салата во Куманово со почеток од 20 часот, објави Кошаркарската федерација на Македонија.

Како потсетување, Македонија во овие претквалификации ќе претрпи големи промени во ростерот со бројни нови имиња и драстично подмладување па поддршка од публиката ќе биде и повеќе од потребна.

Се вчитува...