Машката ракометна репрезентација на Македонија ќе игра против Романија во баражот за СП 2019 на кое во јануари наредната година домаќини ќе бидат Германија и Данска. Двојките за баражот за СП 2019 беа извлечени на денешната ждрепка во Загреб, на претпоследниот ден од ЕП 2018 во Хрватска.
Првиот натпревар од баражот, Македонија ќе го игра на домашен терен на 8 јуни, а ќе гостува во Романија во реваншоит на 14 јуни. Ове ќе биде интересен дуел и поради фактот што на клупата на двете селекции се двајца шпански тренери – Раул Гонзалес кај Македонија и Чави Пасквал кај Романија.
Од другите двојки во баражот најнеизвесно ќе биде во дуелот меѓу Словенија и Унгарија, а најлесна задача за пласман на СП 2019 би требало да има Норвешка која ќе игра против репрезентацијата на БиХ или против Швајцарија, зависно од одлуката на ЕХФ која од овие две селекции ќе биде победник во квалификациската група во која официјално победи селекцијата на БиХ, но имаше спорен настап на еден нивни репрезентативец кој не беше заведен во офциијалниот список.
СП 2019 ќе се одржи од 9 до 27 јануари наредната година. Градови домаќини во Данска ќе бидат Хернинг и Копенхаген, а во Германија, натпреварите од СaП ќе се играат во Берлин. Келн, Минхен и Хамбург. Отворањето на СП 2019 ќе биде во Берлин, а финалето на мундијалот ќе се одигра на 27 јануари во „Јиске Банке Боксен Арена“ во Хернинг. Директeн пласман на СП 2019 од европските репрезентации обезбедуваат Франција како актуелен светски шампион, домаќините Германија и Данска и Шпанија или Шведска како европски шампион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА