По поразот од Тунис во третото коло, машката младинска ракометан репрезентација на Македонија денеска ја очекува уште еден тешок дуел во борбата за пласман во осминафиналето на Светското првенство за ракометари до 21 година што се одржува во Алжир. Противник на Македонија денеска (19 ч.) ќе и биде селекцијата на Шпанија која е актуелен европски младински првак и прв фаворит во групата Ц со максимални три победи во првите три натпревари.
Младинците вчера имаа ден за одмор и за подготовка за денешниот дуел. Шпанците веќе го обезбедија пласманот во следната рунда, а Македонија виза за осминафинале „брка“ во последните два меча од групната фаза, денеска против Шпанија и утре против Бразил.
Според рејтингот и квалитетот Шпанија е фаворит во денешниот деул, но македонската репрезентација е подготвена да ја искористи секоја шанса. Од голема помош во подготовките пред денешниот дуел против Шпанија може да бидат советите од Шпанецот во македонскиот стручен шпаб, Роберто Парондо, кој му помага на селекторот Илија Темелковски со анализа на противниците.
„Се подготвуваме за Шпанија. Вчера имавме два тренинзи и вниманието е максимално посветено на денешниот дуел. Против Тунис не го дадовме максумумот и бевме пораземни. Ќе се обидеем тоа да го исправиме на денешниот дуел. Шпанија е фаворит но, ќе настојуваме да одиграме максимално ангажирано и да се обидеме да направиме нешто и со Шпанија. Иако, реално шансата за пласман во следната фаза од шампионатотза нас е многу поголема во последниот дуел со Бразил“ – вели селекторот Илија Темелковски.
На последните два дуели од групната фаза, во составот на македонската репрезентација ќе го нема десното крило Томислам Јагуриновски доби два меча суспензија поради прекршокот на дуелот против Тунис за кој заработе директен црвен, а потоа и син картон. Во отсуство на Јагуриновски, товарот на десната крилна позиција го презема Мице Шилегов, а по потреба ќе има помош и од десниот бек Мартин Велковски.
Во другите натпревари од 4.коло во Групата Ц, денеска играат: Тунис – Русија и Буркина Фасо – Бразил. По првите три кола Шпанија е во водство на табелата со 6 бода, Тунис и Македонија имаат по 4, Русија и Бразил по 2 бода, а Буркина Фасо е на последното место без бод. Пласман во следната одминафинална фаза обезбедуваат првите четири репрезентации од групата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА