Женската ракометна репрезентација на Македонија вечерва (19 ч.) во СРЦ „Кале“ је пречекува селцијата на Шведска во претпоследниот натпревар од квалификациите за ЕП 2018 во Франција. Шведска ја има улогата на фаворит во овој дуел во кој на Швеѓанките им треба бод за да го заверат пласманот на ЕП.
По првите четири кола, Шведска и Србија се на првите две позиции со по шест бода. Македонија е трета со четири и се уште со теоретски шанси по шестгодишна пауаза, да избори пласман на едно големо натпреварување.
„Најважно е да ја играме нашата игра. Ако успееме, ќе има и резултат. Играме на домашен терен и ќе настојуваме да пружиме добра игра, и на овој натпревар со Шведска и на последниот против Србија во Ниш. Тоа се искусни и квалитетни репрезентации и имаме полн респект“ – истакува селекторот на македонската репрезентација, Симе Симовски.
Како што најави Симовски, македонската репрезентација во овие два завршни натпревари од овој квалификациски циклус ќе настапи во стандардниот состав со кој што ги играше и двата дуели против Фарски Острови во март.
Денешниот натпревар против Шведска ќе биде последен за македонските ракометарки пред домашната публика сезонава и воедно, последен настап на Мирјета Бајрамовска во „Кале“. Долгогодишната македонска репрезентативка која сезонава беше дел од тимот на Вардар, става крај на кариерата. Официјално, последниот меч во дресот на македонската репрезентација Бајрамовска ќе го одигра в недела против Србија во Ниш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА