Македонија против Украина или Словачка во баражот за пласман на Светското првенство 2027!

Македонската ракометна репрезентација ќе игра против подобриот од двомечот меѓу Украина и Словачка, во бараж двомечот од финалната квалификациска фаза 3 за пласман на Светското првенство 2027 кое следната година ќе се одржи во Германија.

Денешната ждрепка во Хернинг, околу европскиот бараж за пласман на Мундијалот, сакаше Македонија да се соочи со победникот од дуелот меѓу Украина и Словачка кои ќе играат во меѓусебен двобој во квалификациската фаза 2.

Македонија ќе биде домаќин на првиот меч од двомечот, кој ќе се игра на 13/14 мај, а реваншот е на 16/17 мај на гостински терен. Победникот по двата меча ќе се пласира на Светското првенство кое ќе се одржи во јануари 2027 година.

Директно пласирани на СП 2027 се домаќинот Германија, па Данска како актуелен светски шампион и Португалија, Шведска, Исланд и Хрватска.

ДВОЈКИ – ФИНАЛЕН БАРАЖ ЗА ПЛАСМАН НА СП 2027

МАКЕДОНИЈА – Украина/ Словачка

БиХ/ Косово – Фарски Острови

Чешка – Франција

Швајцарија – Италија

Финска/ Црна Гора – Словенија

Србија/ Литванија – Унгарија

Шпанија – Грузија/ Израел

Грција/ Белгија – Холандија

Норвешка – Турција/ Романија

Австрија – Полска/ Летонија

Се вчитува...