Македонија се комплетира за „мисијата Белгија“: Се приклучуваат и Барди, Алиоски, Манев…

Македонската репрезентација вчера го означи стартот на подготовките за престојните два јунски квалификациски натпревари против Белгија и против Казахстан за пласман на СП 2026.

Националниот тим ги одработува и првите тренинзи на стартот од подготовките, полека комплетирајќи се најпрво за „мисијата Белгија“ која националниот тим ја очекува на 6 јуни на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Како што е познато, поради повреди на јунскиот собир ќе ги нема Дарко Велковски, Никола Серафимов и Лирим Ќамили, а единствен дебитант е Стефан Деспотовски од српскиот суперлигаш ОФК Београд.

На првите тренинзи со тимот се и Исник Алими и Бојан Миовски и Бојан Димовски и покрај тоа што пристигнаа на собирот со мали повреди. Се верува дека ќе бидат подготвени за двете квалификациски пресметки. На денешните тренинзи се очекува приклучувањето и на Јован Манев, кој вчера го освои и Купот на Хрватска, заокружувајќи ја двојната круна сезонава во хрватските натпреварувања, како и на Енис Барди, Езѓан Алиоски, Дени Илиев, Дамјан Шишковски…

 

Се вчитува...