Македонија се комплетираше во Анталија, во полн состав кон успех на мартовските контроли (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонскиот национален тим денеска го одржа и вториот тренинг на подготовките во Анталија, каде што во петок и во понеделник ќе одигра два контролни натпревари против Молдавија и против Црна Гора.

Македонија од денеска е комплетна, откако на тренинзите се приклучија и Столе Димитриевски и Бојан Димоски. Двајцата доцнеа поради обврските од клубовите, а од денеска се приклучија на кампот на репрезентацијата.

Двете пријателски средби ќе бидат како дел од подготовките за Лигата на Нации кои почнуваат во септември. Покрај овие два меча во март, во јуни Македонија ќе одигра и контроли против Хрватска во Ријека и против Чешка во Прага.

 

Се вчитува...