Македонија предводена од Кирил Лазаров како од соништата. Игра во транс за повторно радост на ракометниот свет, и огромна победа против актуелниот светски и олимписки шампион Данска!
Огромно задоволство од сите присутни во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, почнувајќи од ракометарите, новиот селектор, повратниците во тимот Жути и Манасков, па се до првиот човек на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов кој, тогаш кога некои и со скепса гледаа на неговата одлука, без размислување националниот тим му го препушти на најдобриот македонски ракометар, со сета доверба!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА