Борко Ристовски според селекторот Червар е „емоционално истрошен“ за да настапува за националниот тим, но искусниот голман е пример дека Македонија се сака и кога се игра, но и кога од било кои причини си надвор од репрезентацијата.
Така, чуварот на мрежата на Барселона беше присутен вечерва во СРЦ „Кале“ за да ги бодри своите репрезентативни колеги во единствениот отворен пријателски натпревар, на кои спортската јавност можеше да ја види на дело „новата Македонија“ на Лино Червар.
Поздравувајќи го секој погодок на нашата селекција, Ристовски стави до знаење дека целосно е зад националниот тим, иако поддржувајќи ги ракометарите од трибините кога веќе тоа не може да го прави од терен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА