Македонската кошаркарска репрезентациија во текот на следната седмица би требало да добие нов селектор, откако потрагата по наследник на Марјан Илиевски влезе во завршна фаза.
Како што информираат од куќата на кошарката, разговорите со главниот кандидат се веќе во завршна фаза, а Македонија по подолга пауза ќе добие странец за селектор.
„Следната недела ќе имаме и конечен договор, по што јавноста ќе биде информирана. Опции беа и двајца домашни стратези, но странец е тренерот со кого имаме начелен договор. Остануваат само детали, но не би сакале да откриваме ништо повеќе во овој момент. Ангажиравме нов координатор за националните селекции кој исто така е директно вклучен во овој процес на избор на нов селектор. Се надеваме на официјализација во текот на следната седмица“, изјави за ЕКИПА првиот човек на МКФ, Томица Главчев.
Откако во претходните години таа улога ја имаа Давитков, Тодоров, Јончевски и Илиевски, сега странски тренер ќе се обиде да ја исполни големата желба – да ја одвде Македонија на Евробаскет 2029.
Новиот селектор ќе дебитира на домашниот дуел со Луксембург закажан за 27 февруари, по што ќе следи и гостувањето во Азербејџан.
Македонија моментно се наоѓа на првото место во претквалификациите за Евробакскет 2029, со две победи на два меча под водство на сега веќе екс-селекторот Илиевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

