Македонија учествува со 111 кикбоксери, во 123 влезови, од 19 клубови овој викенд на престижниот 10. Меѓународен кикбокс куп „Балкан бест фајтерс“ во Ниш, Србија.
„Овој ни е последен 13-ти меѓународен турнир за оваа година, и се надевам дека и во Ниш, Србија, ќе покажеме дека заслужуваме повеќе внимание како спорт, со поголемо вреднување на нашите успеси“ – ни изјави пред турнирот во Ниш, претседателот на Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија, Дејан Митровски – Урко.
На „Балкан бест фајтерс“ ќе настапат вкупно 248 кикбоксери со 265 натпреварувачки влезови од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Црна Гора.

ОД МАКЕДОНИЈА НА „БАЛКАН БЕСТ ФАЈТЕРС“ ЌЕ НАСТАПАТ СЛЕДНИТЕ КЛУБОВИ
Аждер 4 натпреварувачи
Будо – Кавадарци 11
Будо – Велес 9
Комбат 1
Енерџи 6 со 8 влезови
Гладијатор фајт 9 со 11 влезови
Гладијатор – Неготино 3
К1 арена 1
Куманово 2006 2
Лидер 5
Наско тим 4 со 6 влезови
Патриот спорт 2
Предатор 10 со 11 влезови
Прокик фемили 5 со 8 влезови
Работнички 10
Самурај 6
Шампион 18 со 20 влезови
Тетово 1
Тим Зоран 4
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

