Македонската репрезентација во традиционално карате од 29. до 31. октомври ќе учествуваат на 35. ЕТКФ Европски шампионат во традиционално карате во Белград, Србија.
Боите на македонската репрезентација во Белград ќе ги бранат: Дејан Недев, Емилија Јанчевска, Јадранка Недева и Бојан Богдановиќ во сениорска конкуренција, Антонија Белазелкоска, Иван Пиневски и Максимилијан Глигоров во јуниорска конкуренција, Мила Младеновска во кадетска конкуренција и Камелија Недев, Матеј Мангаровски, Борјан Синадиновски, Марта Димковска и Софија Јарчевска во конкуренција на деца.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА