Македонската ракометна репрезентација утре заминува за Торшавн каде на 8. мај ја очекува првиот натпревар од баражот против Фарски Острови за пласман на Светското првенство кое во јануари 2025 година ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка.
А, на долгото патување кое ќе биде со чартер лет ќе заминат сите ракометари кои се најдоа на списокот на селекторот Кирил Лазаров што значи дека македонскиот селектор ќе има „слатки маки“ до последен час за утврдување на ракометарите за официјалниот натпревар.
По средбата во Торшавн следува и реванш средба која на 12. мај ќе се одржи во главниот град Скопје, потточно во салата „Борис Трајковски“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА