Македонската карате репрезентација со 34 натпреварувачи ќе учествува на 4. Европско првенство за кадети, јуниори и постари јуниори У21, кое од утре па до недела ќе се одржува во олимписката спортска сала “BOC” во Будимпешта, Унгарија.
Карате експедицијата во Унгарија ќе биде предводена од селекторот-тренер на кадетско-јуниорската репрезентација за борби, Александар Кузмановски, селекторот-тренер за постари јуниори-У21, Арлинд Хусеини, како и селекторот-тренер за кати, Стојан Андриевски.
На заедничка прес-конференција пред заминувањето за Унгарија, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски потенцираше дека каратето во континуитет остварува врвни резултати, а Карате федерацијата е позитивен пример за успешна спортска организација.
„Минатата година имавме најдобри резултати со две златни и две сребрени медали, а годинава и покрај смената на генерации, очекуваме нови спортски подвизи од младите каратисти. Задоволни сме од подготвеноста на каратистите па сигурно очекуваме успешен настап и медали на претстојното европско првенство“ – истакнаа селекторот на македонските селекции.
На Европското првенство ќе учествуваат рекордни 1155 млади каратисти од 52 земји. Делегацијата на Карате федерацијата на Македонија е составена од 50 лица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА