Повредата на Ненад Костески го принуди Кире Лазаров да повика дополнителен ракометар за реваншот во Скопје против селекцијата на Чешка. Станува збор за Мартин Поповски, поранешниот ракометар на Вардар и на Пролет кој последните две сезони настапува во швајцарскиот шампионат.
Во ситуација кога Костески е повреден, а Гоце Георгиевски единствено класично десно крило (на оваа позиција може да помогне и Јагуриновски) во Злин, Лазаров се реши дополнително да ја засили оваа позиција за реваншот што ќе се игра в недела во Скопје.
Поповски ќе пристигне во националниот тим в четврток и ќе се приклучи на подготовките по враќањето на репрезентацијата од Чешка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА