Македонското пливање ќе го претставуваат четворица натпреварувачи на Светското првенство во пливачки спортови кое годинава од 18. јуни до 03. јули ќе се одржи во акватик центарот во Будимпешта, Унгарија.
Најискусен во македонската експедиција ќе биде Евгениј Поп Ацев кој ќе настапи во далечинско пливање. Во пливање во базен претставник во машка конкуренција за Македонија ќе биде Андреј Стојановски.
Кај дамите ќе не претставуваат нашите најдобри пливачки, Ева Петровска и Миа Блажевска-Еминова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА