Македонија ќе биде претставена со четири спортисти на Зимските олимписки игри 2026, кои ќе се одржат од 6. до 22. февруари во Италија (Милано – Кортина д’Ампецо).
Сите натпреварувачи веќе ја исполниле олимписката норма, што гарантира сигурно учество на најголемата светска сцена.
Според информациите од Македонскиот олимписки комитет (МОК), македонската делегација ќе брои по двајца претставници во нордиско трчање и во алпско скијање. Во крос-кантри боите на земјата ќе ги бранат: Ана Цветановска – во женска конкуренција, со настапи во спринт и во трката на 10 километри поединечно.
Ставре Јада – кај мажите, исто така во спринт и на 10 км поединечен старт.
Во алпско скијање ќе настапат: Јана Атанасовска – во слалом и велеслалом, како и Мирко Лазаревски во слалом и велеслалом.
Од МОК потврдуваат дека целиот тим е во напредна фаза на подготовка и дека фокусот е ставен на достојни настапи, како и на собирање вредно меѓународно искуство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

