Македонската репрезентација ќе ја претставуваат четворица пингпонгар(к)и меѓу 620 играчи од 113 земји на Светското првенство во Будимпешта, Унгарија.
Во натпреварите во сингл-мажи учесниците се 312 пингпонгари од вкупно 113 земји. Дозволен максимален број пет натпреварувачи (тројца со право, плус по еден од првите 20 и 100 на светската ранг листа) имаат седум држави – Бразил, Кина, Германија, Јапонија, Кореја, Шведска и кинески Тајпеј, а домаќините се со шест натпреварувачи. Шампионот на Македонија, Кристијан Станојковски и Петар Костовски се нашите претставници во машкиот дел на првенството.
Кај жените, во сингл ќе се натпреваруваат 248 од 86 држави. Македонија ќе ја претставуваат Ива Димитриевска и Ана Стојановска. Повторно седум држави имаат право на максимален број на учесници,и во женскиот дел -Кинески Тајпеј, Сингапур, Романија, Кореја, Јапонија, Хонг Конг и Кина, како и Унгарија со шест учеснички.
Според најавите од организаторите, 237 двојки од 98 земји ќе играат во машките двојки, а 102 двојки од 75 земји во женска конкуренцијат.
Пред почетокот на Светскиот шампионат, македонската репрезентација своите подготовки ги реализира во Зрењанин, Србија, под водство на тренерот Владимир Закиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА