Македонија и Фарски Острови играат прво полувреме без голови. Има динамика, има шанси, има дуели, но недостасуваат само погодоци. Среќата беше на страната на гостите, откако неколку обиди на Македонија не завршија онаму каде што треба.
Барди беше главен организатор на играта, па токму тој го имаше првиот удар од далечина, голманот Рејнатрод кратко ја одби топката, а таа никој не ја зафати, па чуварот на мрежата стигна да ја прифати.
Најубавата шанса Македонија ја имаше во 39. минута после убавата акција на Барди кон Алими, но во последен момент шутираше, само крај десниот дирек од голот на Фарски.
Македонија ја имаше доминацијата, вртеше цело време околу шеснаесетникот, меѓутоа густата одбрана на „Фараните“ тешко се пробиваше.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА