Македонија со два претставника во новата сезона во АБА 2

Второто по ранг јадранско натпреварување, АБА 2 декеа официјално ги објави 16. екипи кои ќе играат во АБА 2 лигата. Македонија ќе ја претставуваат актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје Аеродром и финалистот ТФТ.

Куманово како третопласиран имаше шанса да влезе во второлигашкото јадранско друштво, но кумановци на крај сепак останаа без место во оваа лига.

Во првиот шешир на ждрепката ќе бидат Цибона, Морнар, Златибор и Војводина. МЗТ е во вториот шешир со Хелиос, Широки и Подгорица, а ТФТ е во последниот четврти шешир.

Тимовите ќе одиграат по осум меча во регуларната сезона, по два меча против екипи од секој од четирите шешири, но нема да смеат да се сретнат тимови од иста земја во овој дел од сезоната.

Се вчитува...