Македонија ќе настапи со двајца боксери на сениорскиот турнир во Хрватска „Загреб Гран при“ кој започнува од утре, 8 октомври, и ќе трае до сабота кога од 19 часот се предвидени финалните борби. Арсим Етеми (категорија 81 кг) и Лео Јовановски (категорија 75 кг) се претставниците на Македонија на рингот во Загреб.
Во нашата делегација се уште и тренерот Димитар Ташков и АИБА судијата Петре Неделковски.
Според најавата на организаторот, на турнирот ќе настапат боксери од најмалку 10 земји, покрај домаќинот Хрватска, свои претставници ќе имаат и Македонија, Русија, Украина, Франција, Италија, Полска, Казахстан…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА