Македонија ќе настапи со двајца боксери на силниот меѓународен турнир „Златна ракавица“ во Панчево, еден од последните годинава во календарот на ЕУБЦ.
На исклучително силниот интернационален турнир ќе учествуваат околу 100 боксери од 21 земја, а Македонија ќе ја претставуваат Јасин Љама кој победи на „Златен Гонг 2019“ и Арсим Етеми. Борбите започнуваат од утре и ќе траат до сабота.
Љама ќе настапи во категоријата до 63 килограми, Етеми ќе не претставува во категоријата до 75 килограми. И двајцата боксери потоа ќе учествуваат и на Балканското првенство во Анталија од 10. до 15. декември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА