Боксерската репрезентација на Македонија во возрасната категорија-деца, боксери родени 2005 и 2006 година, ќе настапи на Меморијалниот интернационален турнир „А. Климанов“ кој од денеска се одржува во Харков, Украина.
На турнирот ќе настапат Петар Арсовски и Марија Мацеска во категоријата 38,5 кг. Овој силен меѓународен турнир е генерална подготовка пред Европското првенство во Тбилиси, Грузија кое ќе се одржи во август.
Македонската репрезентација во Харков е предводени од тренерите, Вели Мумин и Александар Арсовски кои нагласуваат дека ова е одлична можност да се види со каков капацитет и потенцијал располагаат нашите најмлади боксери во европски рамки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА