Македонија со двајца претставници на Европското пионерско првенство во Шведска (ФОТО)

Бојана Јовевска и Јован Пармачки се двајцата претставници на Македонија на престојното Европско првенство за пингпонгари до 13 години кое ќе се одржи во Коста, Шведска.

Македонските репрезентативци во Шведска ќе бидат предводени од тренерот Златко Рикалоски.

Првенството ќе трае до 28 септември, со претставници од повеќе од 30 држави. Ова е трето Европско првенство во оваа категорија, а претходното се одржа во Романија минатата година.

Се вчитува...