Македонија со двајца претставници на СП во карате

Карате репрезентативецот на Македонија, Фаик Весели обезбеди пласман на Светското првенство во Карио, Египет, по одличниот настап на квалификацискиот турнир што се одржа во Париз во периодот од 17 до 19 октомври 2025 година.

На квалификацискиот турнир што се одржа во Париз, Весели постигна три победи во групната фаза, а во елиминацискиот дел го совлада францускиот натпреварувач Ахмед ел Амине Хелал со резултат 1-1, при што првоосвоениот поен му ја донесе заслужената победа.

Со овој извонреден успех, Фаик Весели обезбеди место меѓу најдобрите каратисти во светот и ќе ја претставува Македонија на најпрестижниот карате настан оваа година. Покрај него, Ангела Мојсовска веќе имаше остварен директен пласман на Светското првенство, така што Македонија ќе ја претставуваат двајца натпреварувачи – Ангела Мојсовска и Фаик Весели.

Истовремено, Вукашин Јовановиќ беше на чекор до обезбедување виза за настап во Египет, при што прикажа високо ниво на подготвеност и борбеност.

Се вчитува...