Македонија ги заврши настапите на Европските игри во Полска, со настапот на Анѓел Петрушев во кајак крос. Нашата земја со еден освоен медел се враќа од Полска, среброто на Дејан Георгиевски кој стигна до финалето во категоријата над 87 килограми.
Последниот македонски натпреварувач на Европските игри, Петрушев, попладнево го заврши настапот на 28 место од 52 натпреварувачи со време 70:20 секунди.
Резултатот не беше доволен да се квалификува понатаму во битката за медали. На Европските игри кои почнаа на 22 јуни и до утре се одржуваат во Краков и други 12 полски градови настапија 17 македонски спортисти во седум спортови или дисциплини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

