Македонската женска тениска репрезентација со победа над Јужна Африка го стартуваше настапот на „Били Џин Кинг Купот“ во Ларнака, Кипар.
Магдалена Стоилковска за 40 минути славеше против Дона ле Ру, во два сета, со 6-3 и 6-0, а потоа нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа ја победи Мари Луис Ван Зил, убедливо со 6-2 и 6-1, за еден час игра.
Мечот во двојки ќе биде само формалност, со оглед на веќе обезбедената победа, а за Македонија ќе играат Ана Митевска и Јана Божиновска.
На вториот меч од нашата група Норвешка со 2-0 го победи Косово.
Македонија утре игра против селекцијата на Норвешка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА