Македонија со изменет тим во Ирска: Коњаспор бара ослободување на Барди, Ренџерс на Миовски….!?

Македонската репрезентација, лесно може да се случи да настапи со големи промени на престојниот ревијален натпревар со Ирска во Даблин, на дуелот на двете поразени екипи во баражот за пласман на СП 2026.

Со оглед на апсолутната резултатска безначајност на натпреварот, до ФФМ има барања за неколку репрезентативци за нивно ослободување, како порано би се приклучиле на подготовките на нивните тимови за продолжението од националните шампионати.

Турски Коњаспор побара капитенот Енис Барди да се врати побрзо во Турција и да се стави на раполагање на клубот за подготовките за првенствениот натпревар против Самсунспор кој е закажан за 5. април.

Слично барање, како што дознаваме, има и за Бојан Миовски од шкотски Ренџерс, но и за уште неколку репрезентативци за враќање во клупските средини, меѓу кои и Елиф Елмас, Александар  Трајковски, Дарко Чурлинов…

Колку од нив ќе бидат ослободени, и дали ќе бидат повикани нови фудбалери на нивно место, се очекува денеска официјална информација од македонскиот репрезентативен табор.

Се вчитува...