Македонската одбојкарска репрезентација со победа го стартуваше традиционалниот турнир „Чајка“ откако во салата „Парк“ во Струмица го совлада Косово со максимални 3-0.
Македонија првиот сет го доби со 25:12, во вториот одигра перфектно за 25:7, а во третиот победата ја потврди со 25:19.
Капитенот Никола Ѓорѓиев мечот го заврши со 12 поени од коишто 11 од напад, Александар Љафтов имаше девет поени, нашиот техничар, Ѓорѓи Ѓориев, запиша седум поени, од коишто два на сервис. По пет поени реализираа Владо Милев и Филип Савовски, а четири имаше Стојан Илиев.
В сабота, Македонија ќе игра против Израел, додека утре ќе се соочат Израел и Косово.
Македонската машка одбојкарска репрезентација овие натпревари ги користи како завршен филтер и подготовка пред заминувањето за Тбилиси, каде што ќе игра против Грузија во воведното коло од евроквалификациите за пласман на континенталниот собир во 2026 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА