Женската ракометна репрезентација на Македонија има негатива од 11-17 на полувреме против Шпанија во натпревар од 3. коло во квалификациите за пласман на Европското првенство 20224 година. Иако скоро 25 минути нашите избранички одлично се држеа против големиот фаворит, падот во последните пет беше клучен за голема предност на Шпанките на полувреме.
Откако првите два напади донесоа по еден гол на двете страни, уште на самиот старт главните судии на мечот се одлучија по првиот поостар прекршок на нашиот пикер Ивана Џатевска да и доделат исклучување од две минути. И покрај исклучувањето нашите девојки одиграа одлично во периодот со ракометарка помалку дозволувајќи му на противникот само еден постигнат гол, кој по пет минути игра имаше предност од 1-2.
Во следниот период иако избраничките на Грчевски беа тие што сега имаат играч повеќе на теренот, успеаја исто така да реализираат само еднаш, а по осум минути игра Шпанија за првпат стигна до плус четири (2-6). Следеше одличен период на Македонија, во кој во осум минути на гостинките не им дозволија гол, а со погодокот на Леонида Гичевска во 13. минута Македониај стигна на само минус еден (5-6).
Сушата на Шпанките траеше цели седум минути, но сепак Македонија не успеа тоа да го искористи да израмни па со погодокот на Паула Аркос, Шпанија поведе со 5-7 во 16. минута. Следуваше нов пад на нашите ракометарки, по кој „црвената-фурија“ во 21. минута повторно стигна до највисоките плус четири (8-12). Шпанија како да уфрли во повисока брзина во финишот на првиот дел, па големиот фаворит во 29. минута за првпат стигна највисоките плус седум на мечот (10-17). До крајот на првиот дел погоди капитенката Ѓоргиевска за минус шест на полувреме (11-17).
Сара Ристовска со пет гола е прво име по 30 минути во нашиот табор, додека кај Шпанките Кабрал Барбоса постигна исто така пет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА