Македонија со најголем број медали на Балканското првенство во кик бокс (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската кикбокс репрезентација предводена од првиот човек на КМФМ, Дејан Митровски – Урко, заврши со најголем број освоени медали меѓу седум земји учеснички на Балканското првенство во дисциплините К1, Лоу кик и Кик лајт кое викендов се одржа во Краљево, Србија.

На шампионатот учествуваа седум земји со 212 натпреварувачи, меѓу кои и 73 одбрани македонски натпреварувачи, а Македонија заврши со вкупно 61 освоен медал, најмногу во конкуренција на Србија, БиХ, Црна Гора, Словенија, Бугарија и Романија.

 

Србите беа со најголем број освоени златни одликувања на првенството, но со вкупно 54 медали, седум помалку од македонската репрезентација.

Како што е познато, во рамките на Балканското првенство претходно се одржа и Собрание на ВАКО Балкан на кое за нов претседател на балканската федерација беше избран Дејан Митровски – Урко.

 

Се вчитува...