Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа пад од едно место на најновата ранг листа на Светската фудбалска федерација (ФИФА). „Црвено-жолтите“ на најновото рангирање се наоѓаат на 65. место со 1082.42 поени.
Двата порази од Грузија на гостински терени и Бугарија на „Тодор Проески“ доведоа Македонија да има пад на новата листа и во моментов да е 65. светска сила. Избраниците на Боби Милевски во недела ги чека ждрепката за квалификациите за Европското првенство кое во 2024 година ќе се игра во Германија. Македонија на ждрепката која ќе се одржи во Франкфурт ќе се најде во четвртиот шешир.
На врвот нема никакви промени. Бразил е прв пред Белгија и Аргентина, а во топ 10 се наоѓаат уште и: Франција, Англија, Италија, Шпанија, Холандија, Португалија и Данска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА