Македонија со пад од едно место на најновата ФИФА ранг-листа

Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа пад од една позиција на најновата ранг-листа на Светската фудбалска федерација (ФИФА). Македонија е сега на 63-тото место.

И покрај победата над Лихтенштајн и првото место во квалификациската група за СП 2026 во САД, Мексико и Канада, нашата репрезентација доживеа минимален пад поради поразот од Саудиска Арабија во контролниот натпревар кој немаше никакво значење.

Од нашата група се уште најдобра е Белгија која е осма фудбалска сила во светот. Велс се наоѓа на 30. место, додека Казахстан е 118. Најслаб нормално е Лихтенштајн кој во моментов се наоѓа на 204. место на ФИФА листата.

На врвот Шпанија го презеде водството пред Франција додека досега водечката Аргентина падна на третото место. Во топ 5 уште се наоѓаат и: Англија и Португалија.

Се вчитува...