Македонија со победа на контролата на пет дена пред стартот на СП

Ракометната репрезентација на Македонија славеше на денешниот пријателски натпревар одигран против хрватскиот тим Сесвете (42-28), во претпоследната контрола што избраниците на Кире Лазаров ја имаа пред официјалниот старт на СП 2025 закажан за 15 јануари.

Лазаров го избра овој хрватски тим како идеален ривал за корекција на грешките забележани на претходниот дуел со силната хрватска репрезентација, што Македонија во самиот финиш го загуби со два гола предност. За разлика од тој меч, овојпат Македонија беше составот на теренот што доминираше од почеток до крај. Нашиот национален тим по првото полувреме имаше предност од 18-12, за во вториот дел да заигра уште подобро во нападот, да постигне 24 гола за 30 минути игра и на крајот да стигне до заслужена победа.

Македонската репрезентација својата генералка пред стартот на ракометниот Мундијал ќе го има на 12 јануари, кога за противник ќе ја има селекцијата на Зеленортските острови.

„Црвено-жолтите“ првиот меч на СП 2025 ќе го играат на 15 јануари (среда) против Унгарија, меч закажан за 20.30 часот.

Се вчитува...