Машката одбојкарска репрезентација на Македонија попладнево го одработи последниот тренинг во Скопје пред најзначајните свои натпревари оваа година во квалификациите за пласман на ЕП.
Македонската селекција утре рано наутро заминува за Атина, каде во среда (13 август) го игра натпреварот со Грција во рамките од евро-квалификациите.
Онаа недела комплетниот спортски фокус е на машкиот одбојкарски национален тим, кој ги игра последните два натпревари од квалификациите за Европското првенство 2026.

Првиот и најважен дуел за пласман на четвртиот континентален собир во низа Македонија го игра в среда во Атина против Грција, додека циклусот го затвораме на домашен терен против Грузија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

