Предводникот на нашиот сениорски национален тим смета на 14. кошаркари за натпреварите против селекциите на Шпанија и на Украина. Селекторот на нашата машка сениорска репрезентација, Драган Бајиќ, го објавува списокот на кошаркари на кои ќе смета за јунскиот ФИБА „прозорец“ од квалификациите за Светскиот Куп во 2023 година.
Со оглед на краткиот временски период до првите квалификациски обврски, односно наредниот натпревар од квалификациите за СК, закажан за 1.јули, кога гостуваме репрезентацијата на Шпанија, селекторот Бајиќ се определи за еден потесен список од 14. кошаркари.
Првиот собир на сениорскиот национален тим е предвиден да биде на 25. јуни, во салата на А1 Арената „Борис Трајковски“ во Скопје, во 10.часот, каде „црвено-жолтите“ ќе се подготвуваат до заминувањето за Сарагоса, како и по враќањето за Шпанија
Инаку, освен дуелот со Шпанија во Сарагоса, нашата сениорска селекција ќе одигра уште еден натпревар во јунскиот квалификациски циклус за пласман на Мундобаскетот.
На 4. јули, во А1 Арената „Борис Трајковски“ во Скопје, од 18.часот, ни гостува селекцијата на Украина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА