Македонија ќе биде претставувана од седум спортисти, од кои четворица во машка и три во женска конкуренција, на Летните Олимписки Игри 2024 кои на 23. јули стартуваат во Париз.
Од нашава земја во Франција ќе настапат пливачите Никола Ѓуретановиќ и Ева Петровска кои добија вајлд-карта од Светската пливачка федерација (ФИНА), борачот Владимир Егоров, златен од ЕП 2022 во Будимпешта, кој ќе настапи со олимписка А-норма, таеквондистката Милијана Рељиќ, џудистот Еди Шерифовски, стрелачката Анастасија Мојсовска и атлетичарот Дарио Ивановски кој на 10 август ќе настапи на маратонската трка.
Вкупно 315 спортисти ќе бидат присутни во Париз од земјите од поранешна Југославија. Од нив најбројна е експедицијата на Србија со 112 олимпијци, па следи Словенија со 90 олимпијци, Хрватска ќе има 73 олимпијци, Црна Гора е со 19 олимпијци, па Косово со 9 олимпијци и Босна и Херцеговина е со само пет олимпијци.
Од останатите земји од регионов Албанија ќе биде со само осум спортисти на ЛОИ 2024, а Бугарија ќе има 47 олимпијци во 15 разни спортови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА