Македонија со шест борачи од денеска на Европското првенство во Словачка

Македонија ќе ја претставуваат шест борачи на Европското првенство за сениори кое од денеска почнува во Братислава, Словачка.

На шампионатот кој ќе се одржува до 13 април ќе бидат буквално сите најдобри борачи од Стариот континент вклучувајќи ги и репрезентациите на Русија и Белорусија кои добија право за настап како неутрални спортисти.

Македонија на Европското првенство во Братислава ќе ја претставуваат Бесир Алили, Фати Вејсели, Расул Шапиев, Ахмад Магомедов, Дејан Митров и Реџеп Хајдари.

ПРОТИВНИЦИ НА МАКЕДОНСКИТЕ БОРАЧИ ВО 1. КОЛО

61 кг: Бесир Алили – Андриј Џелеп (Украина)
70 кг: Фати Вејсели – Михаил Илиев Георгиев (Бугарија)
74 кг: Расул Шапиев – Заурбек Сидаков (неутрален)
79 кг: Ахмад Магомедов – Симон Мархл (Австрија)
86 кг: Дејан Митров – Метју Фајнсилвер (Израел)
92 кг: Реџеп Хајдари – Иван Ичизли (Молдавија)

Се вчитува...