Македонија со шест натпреварувачи на Светското првенство во кик-бокс

Македонија на Светското сениорско првенство во кик бокс во Сараево, Босна и Херцеговина кое ќе се одржува од 22. до 27. октомври ќе настапи со шест натпреварувачи. Првенството е во три дисциплини: лајт контакт, лоу кик и К-1.

Боите на Македонија во Сараево ќе ги бранат Димитар Ѓоргиев (-86 кг, лоу кик), Емир Ибраим (-63,5 кг, лоу кик), Бобан Илиоски (-81 кг, К-1), Роберт Костовски (-71 кг, К-1), Даниел Митров (-57 кг, К-1) и Дарко Најдов (-67 кг, К-1).

Како тренери репрезентацијата ја водат претседателот на Македонската Кикбокс Маитаи федерација и селектор, Дејан Митровски – Урко, како и Драган Атанасовски.

„Подготвени сме за настапот на Светското првенство. Согласно подготовките нашите проценки се дека овие шест натпреварувачи ќе ја претставуваат Македонија на ова првенство во најдобро светло, онака како што знаеме ние спортистите и верувам дека ќе се вратиме со медали“ – истакна пред заминувањето претседателот Митровски.

Се вчитува...