Македонската олимписка делегација утре тргнува и попладне пристигнува во главниот град на Фрација каде од 26. јуни до 11. август во шест различни спортови ќе се бори против најдобрите спортисти на светот.
Македонија наместо седум, во Париз ќе ја претставуваат шест спортисти бидејќи пливачката Ива Петровска отпадна поради болест.
Па така учество ќе земат: Никола Ѓуретановиќ кој доби вајлд-карта од Светската пливачка федерација (ФИНА), борачот Владимир Егоров, златен од ЕП 2022 во Будимпешта, кој ќе настапи со олимписка А-норма, таеквондистката Милијана Рељиќ, џудистот Еди Шерифовски, стрелачката Анастасија Мојсовска и атлетичарот Дарио Ивановски кој на 10 август ќе настапи на маратонската трка.
На денешната пресконференција не беа присутни борецот Егоров и маратонецот Ивановски кои се на подотовки во Киргистан, односно Париз. Тие ќе се приклучат на македонската делегација во олимпиското село.
Пред медиумите говореше и Владо Богоевски, шефот на делегацијата кој вели дека МОК ќе биде сервис на македонските спортисти во Париз.
„Ова не е екипа на МОК, туку е државна делегација. Ние сме само сервис кој ги носи нашите спортисти во Париз. Поканет беше министерот за спорт, но не е на оваа пресконференција. Се надевам дека ќе биде присутен на приемот кај претседателката на државата затоа што повторувам ова е делегација на Македонија, а не не МОК“, изјави Богоевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА