Шест спортисти од Македонија ќе учествуваат на третите младински Олимписки игри, кои од 6. до 18. октомври ќе се одржат во Буенос Аирес, Аргентина. Македонската експедиција е составена најмногу од спортисти во боречките спортови. Во карате ќе не претставува Фахид Весели, Драган Велинов (борење), Хамза Хашари (џудо), Миа Крстевска (пливање 100 и 200 метри грбно), Берат Мустафа (атлетика 400 метри) и Ана Марија Георгиевска во (таеквондо). Тројца спортисти на Игрите заминуваат со обезбедена А-норма, додека тројца се со вајлд-карти.
Знаменосец на церемонијата на отворањето ќе биде таеквондистката Ана Марија Гепргиевска, која има и најзначаен резултат од сите натпреварувачи, трето место на Светско првенство. Таа се надева дека може да стигне и до медал.
„Одам во Буенос Аирес да освојам медал. Чест ми е што ќе настапувам на овие Игри и ќе го носам македонското знаме“, изјави Георгиевска.
Македонската експедиција ќе биде предводена од Владимир Богоевски, спортскиот директор на Македонскиот Олимписки Комитет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА