Одличните игри на македонската фудбалска репрезентација во јунските квалификации за СП придонесоа да дојде до нов скок на најновото ФИФА рангирање што денеска го објави светската куќа на фудбалот.
„Црвено-жолтите“ забележаа одличен скок од пет позиции, па моментно се наоѓаат на 62. позиција на рангирањето на ФИФА. Во однос на претходната ранг-листа, Македонија во изминатиот месец ги прескокна Албанија, Јордан, Грузија, Буркина Фасо и Обединетите Арапски Емирати, а пред нашиот национален тим на најновото рангирање се наоѓаат Саудиска Арабија, Република Ирска и Конго.
Следен предизвик за избраниците на Благоја Милевски е домашниот дуел со Лихтенштајн, на кој се очекува нова победа за останување на првото место во својата квалификациска група.
На најновата ФИФА ранг-листа нема промени во Топ 5 селекциите, се уште на чело е Аргентина пред Шпанија, Франција, Англија и Бразил. Португалија има скок од една позиција и моментно е 6.рангирана, пред Холандија, Белгија, Германија и Хрватска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

