Македонија со свои претставници на светската и на европската Гимназијада во Србија (ФОТО)

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска се сретна со стручниот тим и со дел од младите спортисти што ќе ја претставуваат Македонија на Светската и на Европската Гимназијада за основни и средни училишта, што ќе се одржи од 4 до 14 април 2025 година во Златибор, Србија.

Ристовски им посака успешен настап на претстојната Гимназијада истакнувајќи дека младите спортисти секогаш ќе ја имаат поддршката од Министерството за спорт.

„На нашите млади спортисти им посакувам да имаат успешен настап и силен мотив да го дадат својот максимум и со гордост да ја претставуваат Македонија на претстојната Гимназијада во Златибор. Министерството за спорт секогаш ќе биде на страната на спортот и ќе дава поддршка за младите таленти, бидејќи тие се иднината на македонскиот спорт“ – рече министерот Борко Ристовски.

Настапот на младите македонски спортисти на Гимназијадата на Златибор е под покровителство на Министерството за спорт во соработка со Сојузот на спортски федерации на Македонија и Федерацијата на училишен спорт на Македонија.

На Гимназијадата во Златибор се очекува да настапат над 4000 спортисти од 55 земји.

Македонските спортисти ќе настапат во следните спортови:

Кошарка (машки тим – Европска Гимназијада за средни училишта)

Одбојка (машки и женски тим – Европска Гимназијада за средни училишта)

Атлетика (Светска Гимназијада за основни училишта)

Пинг-понг (Светска Гимназијада за основни училишта)

Се вчитува...