Македонската кикбокс Маи Таи федерација забележа извонреден успех на Балканскиот Куп кој изминативе денови се одржа во Тешањ, БиХ, со освоени вкупно 67 медали.
Македонија на Балканскиот куп се закити со 19 златни, 25 сребрени и 23 бронзени одликувања. Притоа македонската репрезентација го освои и трофејот за најуспешна селекција на борбите во ринг.
Претседателот на КМФМ, Дејан Митровски – Урко, кој е и претседател на Балканската кикбокс федерација, го отвори Балканското првенство во Тешањ.
„Јас како претседател на КМФМ навистина сум задоволен од целокупниот пласман на нашата репрезентација. Успешно презентиран македонскиот кикбоск како и многупати претходно на интернационалната сцена“ – ни изјави Митровски по завршувањето на Балканскиот куп во БиХ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА