Македонската репрезентација во кик-бокс денеска заминува за Мексико каде од утре па до 19. мај ќе се одржи Светското првенство во Мау Таи.
Македонија во Канкун ќе ја претставуваат тројца кик-боксери, Димитар Ѓорѓиев, Хадис Рамадани и Бобан Илиоски, предводени од трочлена делегација на Кик-бокс федерацијата на Македонија на чело со претседателот на КБФМ, Дејан Митровски, генералниот секретар и тренер Драган Атанасовски и техничкиот секретар на КБФМ, Ирена Митровска.
На ова Светско првенството по покана од IFMA (Светската федерација за мау таи аматери), раководството на КБФМ ќе присуствува и на годишниот спортски форум посветен на размена на култури и културни вредности, спорт и социјални средби на кој Македонија ќе биде примена како рамноправна членка во IFMA. Овој светски Мау Таи шампионат 2018 претставува прв квалификационен натпревар за следните Светски боречки игри и со него ќе се квалификуваат првите учесници на овој долго очекуван настан.
Учеството на овој светски шампионат е под покровителство на Агенцијата за млади и спорт на РМ.
„Репрезентацијата е комплетно подготвена за учество на овој од исклучителна важност Светски шампионат кој претставува настан од широки размери и можност за што поголема афирмација на македонскиот кик боксот како спорт во делот на мау таи вештината, но и на спортот воопшто и се надева на успех“ – истакнаа од Кик-бокс федерацијата на Македонија пред заминувањето за Мексико.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА