Македонија со убедлив пораз од Грција го заврши турнирот „Чајка“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската одбојкарска репрезентација со убедлив пораз од Грција во три сета го заврши настапот на интернационалниот турнир „Чајка“ кој изминативе денови се одржа во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

Македонија одигра два добри сета на почетокот од мечот, но поради грешки ги загуби со 23-25 и 22-25. Третиот сет заврши убедливо со 16-25 за Грците, за конечна победа на јужниот сосед.

Македонската селекција со една победа, против Египет од 3-2 и два порази од Јапонија и од Грција го завршија турнирот, со што завршија со пријателските натпревари во очекување на Европското првенство кое го стартува на 30. август против Данска.

На крајот Грција го освои првото место на турнирот „Чајка“, со шест бода, исто колку што има и Јапонија, Египет е на третото место а Македонија заврши на четвртата позиција.

 

Се вчитува...