Македонија со убедлива победа над БиХ стартуваше во Европската сребрена лига (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Одбојкарската репрезентација на Македонија со максимална победа од 3-0 по сетови (25-16, 25-19 и 25-23) над Босна и Херцеговина го почна својот настап во годинашното издание на Европската сребрена лига.

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина која драстично го промени тимот кој играше против Македонија во квалфикациите за последниот Европски шампионат, имаше сила да игра во егал со „спартанците“ само на почетокот на првиот сет во кој беа во егал до резултат (8-7) за Македонија. Во продолжение нашите репрезентативци уфрлија во повисока брзина и првиот сет го добија со 25-16.

Со ова темпо „црвено-жолтите“ продолжија и во вториот сет кој го отворија со 7-1, а до крајот само рутински го приведоа за 25-17. Во третиот сет гостите пружија најсилен отпор, но и тоа не беше доволно за нешто повеќе во мечот.

Капитенот Никола Ѓорѓиев со 25 поени повторно беше прво име во нашиот табор, додека кај поразените Ади Османовиќ заврши со 16 поени.

 

 

Се вчитува...