Македонската кошаркарска репрезентација ги стартуваше подготовките под водство на новиот селектор Хозе Марија Берокал, за претстојниот двомеч од претквалификациите за Евробаскет 2029 против селекциите на Луксембург и на Азербејџан.
Целта е јасна, не само да се стигне до нови победи во овој циклус, туку и да се создава добра атмосфера за уште поголем напредок за собирите што следат, во пресрет на главните квалификации за овој европски шампионат.
Шпанецот полека, но сигурно ги пренесува своите тактички замисли врз кошаркарите, а како што и самиот изјави, задоволен е од мотивацијата на играчите да учат и да напредуваат под негово водство.
Македонија тренира по „шпански ноти“, за на долг рок да успее да се врати на посакуваните патеки и конечно да биде дел од едно големо натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА








