Македонската репрезентација во традиционално карате се пласира на одличното трето место во генералниот пласман на Светскиот куп 2024 за деца кој се одржа во Лима, Перу.
Пред Македонија на табелата на вкупно освоени одликувања се единствено домаќинот Перу и селекцијата на Бразил кои беа и најбројни на Интернационалниот куп за деца во традиционално карате.
Како што е пзнато, Камелија Недев, Софија Јарчевска и Филип Недев освоија вкупно шест медали, три златни, две сребрени и еден бронзен медал.
Дејан Недев, пак, во сениорска конкуренција го освои четвртото место во кати за сениори на Светскиот шампионат кој исто така се одржуваше во Лима, Перу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА